Путин разговараше со Советот за безбедност за безбедноста на руските граници
Путин во говорот што го одржа во делот од состанокот отворен за медиумите истакна дека ќе разговараат за прашања поврзани со организацијата на работата во пограничните региони на Русија
Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со членовите на Советот за безбедност на кој беше разговарано за безбедноста на границите на земјата.
Путин во говорот што го одржа во делот од состанокот отворен за медиумите истакна дека ќе разговараат за прашања поврзани со организацијата на работата во пограничните региони на Русија.
Тој рече: „Има многу проблеми во врска со безбедносните и инфраструктурните прашања на границите.“
Инаку, Русија во декември 2021 година достави два нацрт договори до Соединетите Американски Држави (САД) и до НАТО во кои беа вклучени предлози во врска со различни безбедносни гаранции, додека завчера во Женева, Швајцарија, меѓу Русија и САД се одржаа разговори поврзани со безбедноста.
Состаноците на Советот НАТО - Русија ќе се одржат денеска во Брисел, главниот град на Белгија, а состаноците на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) ќе се одржат утре (13 јануари, четврток) во Виена, главниот град на Австрија.