Токаев: Војниците на ОДКБ ќе почнат да се повлекуваат постепено по два дена

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев истакна дека мировниците на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) по два дена ќе почнат постепено да го напуштат Казахстан и нивното повлекување ќе трае најмногу 10 дена

1760564
Токаев: Војниците на ОДКБ ќе почнат да се повлекуваат постепено по два дена

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев во својот говор што го одржа пред Парламентот даде изјави во врска со ситуацијата во земјата.

Токаев истакна дека мировниците на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) по два дена ќе почнат постепено да го напуштат Казахстан.

Велејќи дека во Казахстан е започната војна против тероризмот, Токаев напомена најтешкиот дел од операцијата против терористите е надминат и ситуацијата е стабилизирана.

Тој потсети дека поради ситуацијата во земјата побарале воена помош од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) чија членка се и самите тие.

„Казахстан легално побара од своите партнери во Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) да испрати мировници. Во моментот на оваа одлука бевме на работ на целосно губење на контролата над Алмати. Ако го изгубевме Алмати, ќе го изгубевме и главниот град, а потоа и целата земја.“ - рече Токаев.

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев истакна дека мисијата на мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) е успешно завршена и го додаде следното: „Мировните сили на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) ќе почнат постепено да го напуштаат Казахстан по 2 дена, периодот на повлекување ќе трае најмногу 10 дена.“

Инаку, со одлука на Советот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во Казахстан беа распоредени 2.300 војници и 250 парчиња воена опрема.

 



Слични вести