Повик од 6 земји до Северна Кореја да стави крај на тестирањата на балистички проектили

Постојаната претставничка на САД во ОН Линда Томас Гринфилд истакна дека во соопштението во име на шест земји се осудува тестирањето на балистички проектил од страна на Северна Кореја на 5 јануари и дека ова тестирање јасно ги прекршува резолуциите на ОН

1760438
Повик од 6 земји до Северна Кореја да стави крај на тестирањата на балистички проектили

Шест земји меѓу кои се наоѓаат и Соединетите Американски Држави (САД), ја повикаа Северна Кореја да стави крај на нуклеарната програма и тестирањата на балистички проектили.

САД, Велика Британија, Франција, Ирска, Албанија и Јапонија објавија заедничко соопштение пред седницата на Советот за безбедност на ОН на која ќе се разговара за најновите тестирања на проектили коишто се реализираат од страна на Северна Кореја.

Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации (ОН) Линда Томас Гринфилд истакна дека во соопштението во име на шесте земји се осудува тестирањето на балистички проектил од страна на Северна Кореја на 5 јануари и дека ова тестирање јасно ги прекршува резолуциите на Обединетите нации (ОН).

Велејќи дека потрагата на Северна Кореја по програми за оружје за масовно уништување и балистички проектили ги загрозува меѓународниот мир и стабилноста, Гринфилд го повика Пјонгјанг да стави крај на својата нуклеарна програма и тестирањата на балистички проектили.

Таа привлече внимание дека Северна Кореја продолжува да реализира воени инвестиции по цена и на просперитетот на народот и дека луѓето во земјата под еден тврдокорен авторитарен режим се соочуваат со сѐ потешка хуманитарна криза.

Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации (ОН) Линда Томас Гринфилд ја повика Северна Кореја да избегнува од активности кои и наштетуваат на стабилноста, но и на дијалог за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Северна Кореја која своето тестирање го реализира во октомври, тврдеше дека тестираната ракета на 5 јануари беше нов тип балистички проектил истрелан од подморница.

 



Слични вести