Алихан Смаилов, стана нов премиер на Казахстан

Претседателот Касим Жомарт-Токаев на генералниот состанок на Парламентот на Казахстан ја претстави кандидатурата на Алихан Смаилов за нов премиер кој беше избран со гласовите на сите пратеници во Парламентот

1760529
Алихан Смаилов, стана нов премиер на Казахстан

Алихан Смаилов, стана нов премиер на Казахстан.

Претседателот Касим Жомарт-Токаев на генералниот состанок на Парламентот на Казахстан ја претстави кандидатурата на Алихан Смаилов за премиерската функција.

Смаилов ги доби гласовите на сите пратеници во Парламентоти и стана 12-ти премиер на Казахстан.

50-годишниот Смаилов кој во претходната Влада ја извршуваше функцијата вицепремиер, по оставката на Владата на чело со поранешниот премиер Аскар Мамин на 5 јануари којашто уследи по протестите коишто започнаа против поскапувањето на цените на течниот нафтен гас (ТНГ) во земјата ја извршуваше и функцијата привремен премиер. 

Во својот прв говор како премиер по одржаното гласање во Парламентот на Казахстан Алихан Смаилов им се заблагодари на претседателот Касим Жомарт-Токаев и на пратениците за доверената функција во еден ваков период.

Велејќи дека негова приоритетна должност е да ја воспостави макроекономската стабилност и да ја намали инфлацијата во земјата, новиот премиер на Казахстан Смаилов рече: „Ќе бидат регистрирани и имплементирани сите законски барања на граѓаните.“

 



Слични вести