Во пожар во зграда во Њујорк, во САД животите ги загубија најмалку 19 лица од кои 9 деца

Комесарот на Њујоршката противпожарна служба (FDNY) Даниел Нигро на одржаната прес конференција истакна дека во пожарот животите ги загубија најмалку 19 лица, повредени се најмалку 63 лица меѓу кои и деца, а 32 лица од повредените се во животна опасност

1759752
Во пожар во зграда во Њујорк, во САД животите ги загубија најмалку 19 лица од кои 9 деца

Во пожар што избувна во една 19 катница во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД) животите ги загубија 19 лица од кои 9 се деца.

Комесарот на Њујоршката противпожарна служба (FDNY) Даниел Нигро на одржаната прес конференција истакна дека во пожарот се повредени најмалку 63 лица меѓу кои има и деца, а 32 лица од повредените се во животна опасност.

Нигро информира дека пожарот избувнал во дуплекс станот кој ги опфаќал вториот и третиот спрат од зградата и дека при интервенцијата екипите ја нашле отворена вратата на станот поради што пожарот се разгорел и интензивирал уште повеќе и дошло до брзо ширење на густиот чад кон горните спратови.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс исто така во објавеното соопштение во врска со пожарот го рече следното: „Ова ќе биде едниот од најлошите пожари на коишто сме биле сведоци во градот Њујорк, во модерно време.“

Засега не е позната причината за пожарот и како што се истакнува е започната истрага.

 



Слични вести