Средба на замениците шефови на дипломатии на САД и Русија во Женева, Швајцарија

Двајцата заменици шефови на дипломатии на САД и Русија, Шерман и Рјабков, разговарааа за билатерални прашања коишто треба да ги разгледат двете страни на вонредниот состанок на Дијалогот за стратешка стабилност (ССД) што ќе се одржи денеска

1759791
Средба на замениците шефови на дипломатии на САД и Русија во Женева, Швајцарија

Според добиени информации, Венди Р. Шерман, заменик државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД) во швајцарскиот град Женева се состана со рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Во објавеното писмено соопштение од страна на портпаролот на американскиот Државен секретаријат (Стејт департментот) Нед Прајс, се истакнува дека двајцата заменици шефови на дипломатии Шерман и Рјабков разговарааа за билатерални прашања коишто треба да ги разгледат двете страни на вонредниот состанок на Дијалогот за стратешка стабилност (ССД) што ќе се одржи денекса (10 јануари, понеделник).

Во изјавата соопштението се вели следното: „На средбата, заменик-секретарот ја истакна посветеноста на Соединетите Американски Држави (САД) кон принципите на меѓународниот суверенитет, територијалниот интегритет и слободата на суверените нации да ги избираат своите сојузи.“

Како што се истакнува, заменик државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД) Венди Р. Шерман му рекол на неговиот руски колега Сергеј Рјабков дека САД ќе бидат задоволни за се постигнае вистински напредок преку дипломатија.

Во соопштението воедно се додава следното: „САД, на состанокот на Дијалогот за стратешка стабилност (ССД) ќе разговараат за некои билатерални прашања со Русија, но нема да разговараат за европската безбедност без нашите европски сојузници и партнери.“

Во соопштението стои дека американскиот заменик секретар Шерман исто така истакна дека одредени прашања ќе бидат оставени за состанокот на Советот НАТО-Русија што ќе се одржи на 12 јануари во главниот град на Белгија, Брисел, и за состанокот на Постојаниот совет на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) што ќе се одржи на 13 јануари во главниот град на Австрија, Виена.

 



Слични вести