Расте бројот на притворените лица во Казахстан

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи на Казахстан се истакнува дека заклучно со 10 јануари (денеска) бројот на притворените лица од страна на полицијата се зголеми на 7.939

1759867
Расте бројот на притворените лица во Казахстан

Бројот на притворените за време на настаните во Казахстан се зголеми на 7.939 лица.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи на Казахстан се истакнува дека се ажурирани податоците во врска со бројот на притворените лица во операциите коишто продолжуваат да се спроведуваат во земјата.

Во соопштението стои дека заклучно со 10 јануари бројот на притворените лица од страна на полицијата се зголеми на 7.939.

Во соопштението се наведува дека на два пазари во градот Алмати се притворени 207 лица, а во истата операција е запленета украдена стока како што се 5 автомобили, компјутери, музички инструменти и оружје.

Комитетот за национална безбедност на Казахстан исто така соопшти дека се неутрализирани две групи вклучени во настаните во градот Алмати. Како што е соопштено овие две групи учествувале во настаните за нарушување на јавниот ред и мирот во градот од 4 до 8 јануари и на местото кадешто престојувале биле пронајдени пиштоли и верски книги.

Протестите во Казахстан започнаа на 2 јануари во западниот дел на земјата поради поскапувањето на цените на автоплинот односно на течниот нафтен гас (ТНГ) и влошувањето на социо-економска состојба, кои потоа се проширија и во другите делови на земјата.

За време на демонстрациите дојде до судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите. Посебно во градот Алмати на југот на земјата, безбедносните сили на демонстрантите кои запалија полициски возила и влегоа во државните згради, одговорија со звучни бомби

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев ја прифати оставката на владата која ја смета за одговорна за протестите.

Откако протестите почнаа да се прошируваат низ целата земја беше прогласена вонредна состојба.

Демонстрантите ги окупираа јавните згради и користеа оружје, по што властите во главниот град Нур-Султан им наредија на безбедносните сили да почнат да спроведуваат операции.

Претседателот Касим Жомарт-Токаев во дадената изјава на 7 јанаури рече: „Терористите сè уште продолжуваат да користат оружје и да му наштетуваат на имотот на граѓаните.“

Тој воедно истакна дека повторно е воспоставен уставниот поредок во сите областа на територијата на Казахстан.

 



Слични вести