Претседателот на Европскиот совет Мишел разговараше со казахстанскиот претседател Токаев

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во врска со содржината на остварената видео конференциска средба информираше на својот профил на социјалната медија кадешто истакна дека ја поддржуваат стабилноста на Казахстан

1760306
Претседателот на Европскиот совет Мишел разговараше со казахстанскиот претседател Токаев

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Шарл Мишел одржа видео конференциска средба со претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев

Мишел во врска со содржината на средбата информираше на својот профил на социјалната медија кадешто истакна дека ја поддржуваат стабилноста на Казахстан.

Мишел даде информации за неговата средба со Токаев преку видео конференција на неговиот профил на социјалните мрежи.

Велејќи дека на средбата со Токаев разговарале за најновите случувања во Казахстан, Мишел го изрази своето сочувство за загинатите во настаните кои траат веќе една недела.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја истакна важноста на партнерството со Казахстан, а воедно ја нагласи и поддршката на Европската унија (ЕУ) на суверенитетот, безбедноста и стабилноста на земјата во рамките на човековите права и основните слободи.

Протестите во Казахстан започнаа на 2 јануари во западниот дел на земјата поради поскапувањето на цените на течниот нафтен гас (ТНГ) и влошувањето на социо-економска состојба, кои потоа се проширија и во другите делови на земјата.

За време на демонстрациите дојде до судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите. Особено во градот Алмати на југот на земјата, безбедносните сили интервенираа врз демонстрантите кои запалија полициски возила и влегоа во државните згради.

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев ја прифати оставката на владата која ја смета за одговорна за протестите.

Откако протестите почнаа да се прошируваат низ целата земја беше прогласена вонредна состојба.

Демонстрантите ги окупираа јавните згради и користеа оружје, по што властите во главниот град Нур-Султан им наредија на безбедносните сили да почнат да спроведуваат операции.

Претседателот Касим Жомарт-Токаев во дадената изјава на 7 јанаури рече: „Терористите сè уште продолжуваат да користат оружје и да му наштетуваат на имотот на граѓаните.“

Тој воедно истакна дека повторно е воспоставен уставниот поредок во сите областа на територијата на Казахстан.

 



Слични вести