Ден на национална жалост во Казахстан: Знамињата се спуштени на половина копје

Денеска (10 јанаури 2022 година, понеделник) на Денот на националната жалост знамињата во сите државни институции и претставништва на Казахстан во странство, а особено во Претседателската палата Акорда, се спуштени на половина копје

1760028
Ден на национална жалост во Казахстан: Знамињата се спуштени на половина копје

Во чест на загинатите на протестите во Казахстан кои започнаа по поскапувањето на цените на течниот нафтен гас (ТНГ) а потоа прераснаа во судири, 10 јануари (денеска) е прогласен за Ден на национална жалост во земјата.

На Денот на националната жалост, знамињата во сите државни институции и претставништва на земјата во странство, а особено во Претседателската палата Акорда се спуштени на половина копје.

Нема забавни програми на телевизиските канали и на радиоемисиите. Воедно и насловните страници на интернет страниците на државните институции и на новинските агенции се подготвени во црно-бела боја.

По повод Денот на националната жалост, и Амбасадата на Турција во Нур-Султан соопшти дека се солидарни со казахстанскиот народ и ги спушти знамињата на амбасадата на половина копје,а воедно на своите профили на социјалните мрежи го објави следното „Ние сме покрај братски Казахстан.“

Спуштени се на половина копје знамињата на земјите членки и набљудувачи и во Секретаријатот на Организацијата на турските држави (ТДТ).

Во соопштението од организацијата се истакнува следното: „Организацијата на турските држави која секогаш е солидарна со братскиот народ и управата на Казахстан, посакува милост од Аллах за оние кои ги загубија животите во настаните, брзо оздравување на повредените и враќање на земјата во нормала за што е можно поскоро.“

Министерството за внатрешни работи на Казахстан претходно соопшти дека во настаните животите ги загубија 26 лица, меѓу кои 18 припадници на безбедносните сили.

Претседателот Касим Жомарт-Токаев, исто така, одлучи во чест на загинатите како резултат на терористичките акции коишто беа извршени во Казахстан на 10 јануари 2022 година да прогласи национална жалост на територијата на целата земја.

Од друга страна, бројот на притворените за време на настаните во Казахстан се зголеми на 7.939 лица.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи на Казахстан се истакнува дека се ажурирани податоците во врска со бројот на притворените лица во операциите коишто продолжуваат да се спроведуваат во земјата.

Во соопштението стои дека заклучно со 10 јануари бројот на притворените лица од страна на полицијата се зголеми на 7.939.

Протестите во Казахстан започнаа на 2 јануари во западниот дел на земјата поради поскапувањето на цените на автоплинот односно на течниот нафтен гас (ТНГ) и влошувањето на социо-економска состојба, кои потоа се проширија и во другите делови на земјата.

За време на демонстрациите дојде до судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите. Посебно во градот Алмати на југот на земјата, безбедносните сили на демонстрантите кои запалија полициски возила и влегоа во државните згради, одговорија со звучни бомби

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев ја прифати оставката на владата која ја смета за одговорна за протестите.

Откако протестите почнаа да се прошируваат низ целата земја беше прогласена вонредна состојба.

Демонстрантите ги окупираа јавните згради и користеа оружје, по што властите во главниот град Нур-Султан им наредија на безбедносните сили да почнат да спроведуваат операции.

Претседателот Касим Жомарт-Токаев во дадената изјава на 7 јанаури рече: „Терористите сè уште продолжуваат да користат оружје и да му наштетуваат на имотот на граѓаните.“

Тој воедно истакна дека повторно е воспоставен уставниот поредок во сите областа на територијата на Казахстан.

 



Слични вести