Безбедносни разговори меѓу САД и Русија во швајцарскиот град Женева

Разговорите започнаа во 10:55 часот по турско време во американската мисија во Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева

1760142
Безбедносни разговори меѓу САД и Русија во швајцарскиот град Женева

Безбедносните разговори меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Русија се одржуваат во Женева, Швајцарија, под претседателство на заменик државната секретарка на САД Венди Р. Шерман и рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

Разговорите започнаа во 10:55 часот по турско време во американската мисија во Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева.

На вонредниот состанок на Дијалогот за стратешка стабилност (ССД) на кој присуствуваат дипломати на високо ниво од двете земји, освен билатералните односи, се очекува да се разговара и за прашања како што се проблемот со Украина, проширувањето на НАТО кон исток, контролата на нуклеарното оружје и сајбер криминалот.

Како што е соопштено по разговорите, страните почнувајќи од 19:30 часот по турско време ќе одржат одделни прес-конференции.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) Нед Прајс претходно изјави дека Шерман и Рјабков синоќа се сретнаа во Женева и разговараа за агендата на денешните разговори.

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин на 16 јуни минатата година се состанаа во Женева и притоа двајцата лидери одлучија да го продолжат дијалогот за решавање на спорните прашања.

Од друга страна, САД, НАТО и голем број западни земји покажаа  реакција на воената концентрација на Русија на границата со Украина и предупредија дека агресивниот став кон Украина ќе има сериозни последици и тешка цена за Русија.

Русија, во нејзината понуда по прашањето на безбедносните гаранции што им ја достави одделно на САД и НАТО во декември, достави некои понуди вклучувајќи ја и гаранцијата дека НАТО нема да се прошири кон исток.

Русија и САД денеска ќе одржат средба во Женева во однос на овие прашања.

На 12 јануари пак, се очекува прашањето да се разгледа на Советот НАТО-Русија.

 



Слични вести