Во немирите во Казахстан се притворени 5.135 лица меѓу кои има и странски државјани

Бројот на притворените лица во Казахстан е зголемен на 5.135, а бројот на повредените припадници на безбедносните сили при воспоставување на јавниот ред и уставниот поредок за време на протестите изнесува над 1.300

1759592
Во немирите во Казахстан се притворени 5.135 лица меѓу кои има и странски државјани

Во немирите коишто избувнаа со поскапувањето на течното гориво во Казахстан се притворени 5.135 лица меѓу кои се наоѓаат и странски државјани.

Во објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи на Казахстан се дадени информации за бројот на притворените лица за време на реализираните операции.

Во соопштението се истакнува дека бројот на притворените лица на територијата на државата е зголемен на 5.135, а бројот на повредените припадници на безбедносните сили при воспоставување на јавниот ред и уставниот поредок за време на протестите изнесува над 1.300.

Во соопштението се вели дека 300 лица се притворени додека се обидувале да ја поминат границата за да ја напуштат земјата со автомобили или пешки, со украдена стока, меѓу кои и огнено оружје и мобилни телефони и со големи суми пари.

Во соопштението воедно се додава и следното: „Во моментов продолжува антитерористичката операција со цел да се зачува безбедноста и редот во земјата.“

Бројот на притворените во Казахстан вчера беше соопштен како 4.266 и беше истакнато дека меѓу нив има и државјани од соседните земји.

 



Слични вести