Путин разговараше со Токаев за најновата ситуација во Казахстан

Според објавеното соопштение од претседателскиот дворец на Русија (Кремљ), двајцата лидери ја разгледаа ситуацијата во Казахстан и разменија мислења во врска со преземените мерки во правец на воспоставување на јавниот ред во Казахстан

1759411
Путин разговараше со Токаев за најновата ситуација во Казахстан

Рускиот претседател Владимир Путин имаше телефонски разговор со претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев за најновата ситуација во Казахстан.

Според објавеното соопштение од претседателскиот дворец на Русија (Кремљ), Путин оствари телефонски разговор со Токаев.

Двајцата лидери, во телефонскиот разговор ја разгледаа ситуацијата во Казахстан и разменија мислења во врска со преземените мерки во правец на воспоставување на јавниот ред во Казахстан.

Во разговорот, Токаев истакна дека ситуацијата во земјата напредува кон стабилизација и им се заблагодари на земјите од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) за поддршката на Казахстан.

Двајцата лидери се договорија да останат во постојан контакт.

Инаку, претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев, поради актуелната ситуација во земјата побара помош од лидерите на земјите на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) чија членка е и неговата земја.

На ова Советот за колективна безбедност на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) на 5 јануари донесе одлука да бидат испратени војници во Казахстан.

 



Слични вести