Борел: Странската воена поддршка треба да го почитува суверенитетот на Казахстан

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел истакна дека чувствуваат загриженост од насилствата коишто започнаа по мирните демонстрации во Казахстан и дека ги осудуваат актите на насилство

1759590
Борел: Странската воена поддршка треба да го почитува суверенитетот на Казахстан

Европската унија (ЕУ) соопшти дека се чувствува загриженост од настаните во Казахстан и дека странската воена поддршка треба да го почитува суверенитетот на Казахстан.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел даде изјава во име на ЕУ во врска со настаните во Казахстан.

Борел истакна дека чувствуваат загриженост од насилствата коишто започнаа по мирните демонстрации во Казахстан и дека ги осудуваат актите на насилство.

Велејќи дека настаните не треба да се злоупотребуваат за други цели и повикувајќи на воздржаност, Борел рече: „Подготвени сме да обезбедиме помош за мирно решавање на кризата. Странската воена поддршка треба да ги почитува суверенитетот, независноста и основните права на граѓаните на Казахстан.“

Борел, исто така, ги повика казахстанските власти да ги почитуваат своите ветувања за фундаменталните права како што се слободата на собирање, слободата на изразување и на печатот.

Во Казахстан на 2 јануари избувнаа протести поради поскапувањето на течниот природен гас (ЛНГ) и влошувањето на социо-економската состојба во земјата.

За време на демонстрациите дојде до судири меѓу безбедносните сили и демонстрантите.

Особено во градот Алмати на југот на земјата, безбедносните сили интервенираа против демонстрантите кои ги запалија полициските возила и влегоа во државните згради.

Поради проширувањето на протестите на територијата на целата земја беше прогласена вонредна состојба.

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев побара поддршка од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ).

2.500 војници кои беа испратени од земјите членки на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), Русија, Белорусија, Киргистан, Таџикистан и Ерменија ја започнаа својата должност во градот Алмати на југот на земјата, каде што судирите беа интензивни.

Токаев истакна дека на 7 јануари е воспоставен уставниот поредок во сите области на земјата и рече дека терористите сѐ уште продолжуваат да користат оружје и да нанесуваат штета на имотот на граѓаните.“

Во градот Алмати интензивно продолжува операцијата на безбедносните сили.

 



Слични вести