Во Казахстан приведен поранешниот претседател на Комитетот за национална безбедност Карим Масимов

Во објавеното соопштение од страна на Комитетот за национална безбедност на Казахстан се истакнува дека комитетот започна истрага на 6 јануари согласно членот за предавство од Кривичниот законик на Република Казахстан

1759232
Во Казахстан приведен поранешниот претседател на Комитетот за национална безбедност Карим Масимов

Во Казахстан е приведен поранешниот претседател на Комитетот за национална безбедност на Казахстан Карим Масимов, со сомнение за предавство на државата.

Во објавеното соопштение од страна на Комитетот за национална безбедност на Казахстан се истакнува дека комитетот започна истрага на 6 јануари согласно членот за предавство од Кривичниот законик на Република Казахстан.

Во соопштението се вели дека Масимов е приведен под сомнение дека го извршил предметното кривично дело.

Масимов е ставен во центарот за привремен притвор заедно со другите лица приведени во рамките на истрагата.

Карим Масимов во 2016 година беше назначен  за претседател на Комитетот за национална безбедност, а потоа поради протестите коишто започнаа поради поскапувањето на цените на течниот природен гас (ЛНГ) и се проширија во западните и јужните градови на земјата на 6 јануари беше разрешен од должноста со одлука на претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев.

Самат Абиш, внук на поранешниот претседател на Казахстан Нурсултан Назарбаев, исто така беше суспендиран од должноста потпретседател на Комитетот за национална безбедност.

Во меѓувреме, според објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи е соопштено дека за време на немирите коишто избувнаа на 2 јануари со поскапувањето на цените на течниот гас во земјата се притворени 4.266 лица, меѓу кои се наоѓаат и државјани на странски земји.



Слични вести