Соопштение од Парламентарната унија на турскиот свет во врска со настаните во Казахстан

Претседателот на Парламентарната унија на турскиот свет Наил Челеби напомена дека очекуваат што поскоро да завршат настаните во Казахстан, животот да се врати во нормала и да им се суди на терористите

1759109
Соопштение од Парламентарната унија на турскиот свет во врска со настаните во Казахстан

Претседателот на Парламентарната унија на турскиот свет Наил Челеби вообјавеното писмено соопштение истакна дека како Парламентарна унија на турскиот свет со жалење и загриженост ги следат настаните коишто се случуваат под изговор дека се протестира поради поскапувањето на цените на природниот гас во Казахстан и развојот на случувањата до коишто дојде потоа.

Челеби напомена дека очекуваат што поскоро да завршат настаните во Казахстан, животот да се врати во нормала и да им се суди на терористите.

Велејќи дека е „многу смисловно“ тоа што овие настани се префрлени во градовите и се претворени во вооружен конфликт и во окупирање и грабежи на јавните институции и организации, Челеби рече: „Се проценува дека не е случајно тоа што тајмингот на овие терористички акции кои беа започнати под изговор на поскапувањето на цените на природниот гас и се  водеа обиди за нивно проширување низ целата земја, се совпадна со периодот на воспоставување на секаква соработка, здружување и стратешко зближување меѓу Турицја и Казахстан и формирањето на Организацијата на турските држави и во период кога 5 земји од Централна Азија и Кавказ почнаа да се обединуваат.“

„Оваа проекција не останува незабележана од меѓународната заедница и од нас дека зад неа стојат други. Очекуваме што поскоро да завршат настаните во братски Казахстан, животот да се нормализира, а терористите да бидат изведени пред суд. Очекуваме војниците на земјите од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) да ја завршат својата задача и да се вратат во нивните земји. Нема да дозволиме Казахстан да се предаде пред ниту една состојба на завршен чин, нашите погледи, нашиот слух и нашите срца се насочени кон нашата братска земја Казахстан.“ - рече претседателот на Парламентарната унија на турскиот свет Наил Челеби .

Тој додаде дека под секакви околности стојат покрај братскиот народ на Казахстан и нивната држава.

 



Слични вести