Касим Жомарт-Токаев: Во голема време повторно е воспоставен уставниот поредок во земјата

Според веста на новинската агенција „Ројтерс“, претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев денеска ќе има свое обраќање до нацијата преку казахстанската државна телевизија.

1758624
Касим Жомарт-Токаев: Во голема време повторно е воспоставен уставниот поредок во земјата

Претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев истакна дека во голема време повторно е воспоставен уставниот поредок во земјата.

Според веста на новинската агенција „Ројтерс“, претседателот на Казахстан Касим Жомарт-Токаев денеска ќе има свое обраќање до нацијата преку казахстанската државна телевизија.

Од друга страна, Министерството за внатрешни работи на Казахстан соопшти дека бројот на припадниците на безбедносните сили кои ги загубија животите за време на протестите се зголеми на 18 лица.

Протестите во Казахстан кои започнаа на 2 јануари поради поскапувањата на течниот природен гас (ЛНГ) и влошената социо-економска состојба во земјата, се претворија во насилство и вооружени конфликти во најголемиот град Алмати.

Претседателот Касим Жомерт-Токаев ја прифати оставката на владата која ја сметаше за одговорна за протестите и по проширувањето на немирите прогласи вонредна состојба во земјата.

 



Слични вести