Јенс Столтенберг: Внимателно ја следиме ситуацијата во Казахстан, вестите се загрижувачки

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече: „Внимателно ја следиме ситуацијата во Казахстан. Вестите за човечки загуби се загрижувачки. Насилството треба да престане што е можно поскоро и треба да се почитуваат основните човекови права.“

1759181
Јенс Столтенберг: Внимателно ја следиме ситуацијата во Казахстан, вестите се загрижувачки

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во врска со најновите настани во Казахстан истакна дека ја следат со внимателност ситуацијата во оваа земја.

Столтенберг рече: „Внимателноја следиме ситуацијата во Казахстан. Вестите за човечки загуби се загрижувачки. Насилството треба да престане што е можно поскоро и треба да се почитуваат основните човекови права.“

Протестите во Казахстан кои започнаа на 2 јануари поради поскапувањата на течниот природен гас (ЛНГ) и влошената социо-економска состојба во земјата, се претворија во насилство и вооружени конфликти во најголемиот град Алмати.

Претседателот Касим Жомерт-Токаев ја прифати оставката на владата која ја сметаше за одговорна за протестите и по проширувањето на немирите прогласи вонредна состојба во земјата.

Претседателот Касим Жомарт-Токаев во своето обраќање до нацијата преку телевизијата рече: „Им наредив на силите за спроведување на законот и на армијата да отворат оган (пукаат) за да ги убијат терористите без предупредување.“

Токаев истакна дека казахстанските власти немаат намера да преговараат со терористите.

 



Слични вести