Во Напад со балистичка ракета од страна на Хусите во Јемен загинаа 13 војници

Командантите на јеменската армија кои одржуваа состанок во куќата на еден надлежен во населеното место Асилан кај градот Шебве, беа цел на балистичка ракета истрелана од страна на Хусите

1757895
Во Напад со балистичка ракета од страна на Хусите во Јемен загинаа 13 војници

Во реализиран напад со балистичка ракета од страна на Хусите во градот Шебве во Јемен загинаа 12 јеменски војници, а голем број војници се ранети.

Командантите на јеменската армија кои одржуваа состанок во куќата на еден надлежен во населеното место Асилан кај градот Шебве, беа цел на балистичка ракета истрелана од страна на Хусите.

Притоа во нападот загинаа 12 од војниците задолжени за безбедноста на состанокот, додека нема загинати или ранети меѓу командантите.

Во врска со нападот не е објавено било какво соопштение од страна и на јеменската влада и на Хусите.

Во Јемен каде што долго време владее политичка нестабилност, се водат судири меѓу Хусите поддржани од Иран и силите лојални на Владата.

Хусите од септември 2014 година наваму го контролираат главниот град Сана и некои области во неговата околина, додека коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија од март 2015 година ја поддржуваат јеменската влада против Хусите.



Слични вести