Варијантата Омикрон на Ковид-19 создава „цунами ефект“ во европските земји

Поради варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19) која постојано го зголемува своето влијание бројот на случаите во европските земји во последната недела се зголеми за 100 отсто во однос на претходната недела

1758269
Варијантата Омикрон на Ковид-19 создава „цунами ефект“ во европските земји

Во поголемиот дел од европските земји каде што варијантата Омикрон на новиот тип коронавирус (Ковид-19) постепено го зголемува своето влијание, бројот на случаите во последната недела се зголеми за 100 отсто во однос на претходната недела.

На интернет страницата worldometers.info која ги објавува статистичките податоци за случаите на Ковид-19 од целиот свет, е направена споредба на случаите на зараза и смртните случаи во последните 7 дена почнувајќи од 30 декември наваму во земјите од регионот, со оние од претходните 7 дена.

Притоа е забележано дека стапката на зголемување на случаите во последната недела е зголемена во речиси сите земји на европскиот континент.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, во дадената изјава на крајот на минатата година истакна дека е многу загрижен за „цунами ефектот“ на варијантата Омикрон.

Гебрејесус предупреди дека бројот на случаи насекаде низ светот ќе се зголеми поради брзата заразност на Омикрон кој брзо се шири низ целиот свет и циркулира истовремено и со варијантата Делта.

 



Слични вести