Камерманот на Агенцијата Анадолија „АА“ нападнат од страна на екстремно десеничарските Евреи

Камерманот на новинската Агенција Анадолија „АА“  Фајиз Ебу Румејле пред болницата во која е хоспитализиран палестинскиот затвореник Хишам Ебу Хеваш, во Тел Авив, главниот град на Израел, беше нападнат физички од страна на екстремно десничарските Евреи

1758011
Камерманот на Агенцијата Анадолија „АА“ нападнат од страна на екстремно десеничарските Евреи

Екстремно десничарските Евреи го нападнаа физички и му нанесоа тешки телесни повреди на камерманот на новинската Агенција Анадолија „АА“  Фајиз Ебу Румејле, кој чекаше за снимање пред болницата во која е хоспитализиран палестинскиот затвореник Хишам Ебу Хеваш, во Тел Авив, главниот град на Израел.

Како што се истакнува, најпрвин дошло до расправија меѓу камерманот Ебу Румејле кој чекал пред болницата „Асаф Харофех“ во Тел Авив и екстремно десничарските Евреи кои се наоѓале во истата област.

Притоа екстремно десничарските Евреи го нападнале физички Ебу Румејле за кого дознале дека е камерман на новинската Агенција Анадолија „АА“, до кого воедно упатиле и навреди.

Израелската полиција која се наоѓаше во областа интервенираше и беа приведени најмалку двајца екстремно десничарски Евреи.

Камерманот на новинската Агенција Анадолија „АА“  Фајиз Ебу Румејле кој беше подложен на физички напад и притоа здоби тешки телесни повреди, по интервенцијата на екипите за прва помош е пренесен во болница на лекување.

 



Слични вести