Блинкен разговараше со неговиот израелски колега Лапид за Украина и Иран
Според објавеното писмено соопштение од страна на Стејт департментот, државниот секретар Блинкен и израелскиот министер за надворешни работи Лапид разговараа телефонски за „агресивниот став на Русија кон Украина“ и за прашања во врска со Иран

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) Антони Блинкен разговараше со неговиот израелски колега Јаир Лапид за „агресивниот став на Русија кон Украина“ и за прашања во врска со Иран.
Според објавеното писмено соопштение од страна на Стејт департментот, државниот секретар Блинкен и израелскиот министер за надворешни работи Лапид остварија телефонски разговор.
Двајцата шефови на дипломатии, Блинкен и Лапид, разговараа за регионални и глобални проблеми.
Во телефонскиот разговор беше констатирано дека на маса е поставен „агресивниот став на Русија кон Украина и проблемот што го создава Иран за регионот“, додека американскиот државен секретар Антони Блинкен информира дека „американската администрација ја нагласи цврстата посветеност на безбедноста на Израел“.