Израел во 2021 година уби 319 Палестинци од кои 71 дете

Израелската организација за човекови права „Бецелем“ (B'Tselem) соопшти дека во 2021 година се убиени 319 Палестинци, од кои 71 дете, а се срушени и 295 куќи

1757231
Израел во 2021 година уби 319 Палестинци од кои 71 дете

Како што е соопштено Израел во минатата (2021) година уби 319 Палестинци.

Израелската организација за човекови права „Бецелем“ (B'Tselem) соопшти дека во 2021 година се убиени 319 Палестинци, од кои 71 дете, а се срушени и 295 куќи.

Според објавеното писмено соопштение од страна на „Бецелем“ (B'Tselem), 2021 година е регистрирана како најкрвава година за Палестинците по 2014 година, кога Израел ја нападна Газа.

Во нападите на израелските безбедносни сили и илегалните еврејски доселеници во текот на 2021 година се убиени 319 Палестинци, меѓу кои се наоѓаат и 71 дете.

Споделена е информација дека на 14 мај 2021 година се убиени 13 Палестинци од кои 3'јца од страна на израелските илегални доселеници или  израелските војници кои ги придружуваат, и тој ден е забележан како најкрвав ден од 2002 година кога се случи Втората Интифада на Западниот Брег.

Во соопштението се истакнува дека минатата година во Источен Ерусалим (Кудс) и на Западниот Брег се срушени 295 палестински куќи, а 895 Палестинци од кои 463 деца останаа без своите домови.

Израелската организација за човекови права „Бецелем“ (B'Tselem), исто така соопшти дека нападите на еврејските доселеници врз Палестинците чиј број во 2020 година изнесуваше 251, минатата (2021) година се зголемија на 336 случаи.

 



Слични вести