Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на ОАЕ и Саудиска Арабија

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во објавеното писмено соопштение информира дека државниот секретар Блинкен оствари телефонски разговор со неговите колеги од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Ал Нахјан и од Саудиска Арабија бин Фархан

1757445
Блинкен разговараше со министрите за надворешни работи на ОАЕ и Саудиска Арабија

Американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараше со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Абдула бин Зајед Ал Нахјан и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд, за воената концентрација на Русија на границата со Украина и за одредени други случувања.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во објавеното писмено соопштение информира дека државниот секретар Блинкен оствари телефонски разговор со неговите колеги од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Ал Нахјан и од Саудиска Арабија Бин Фархан.

Прајс рече: „Државниот секретар Блинкен и шејх Абдула разговараа за воената концентрација на Русија на границите со Украина, како и за други билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ги и случувањата во Јемен, Етиопија и Судан.

Портпаролот на американскиот Државен секретаријат (Стејт департментот) Нед Прајс во второто објавено соопштение истакна дека државниот секретар Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд разговараа за истите прашања, а истовремено го разгледаа и прашањето во врска со човековите права во Саудиска Арабија.

 

 



Слични вести