Претставничкото собрание на Либија побара нов предлог за датумот на одржување на изборите

Портпаролот на Претставничкото собрание Абдулах Булејхик во дадената изјава истакна дека е суспендирана седницата во врска со причината за одложување на изборите и изборниот процес

1756586
Претставничкото собрание на Либија побара нов предлог за датумот на одржување на изборите

Претставничкото собрание на Либија побара нов предлог од Врховната изборна комисија во врска со датумот на изборите.

Портпаролот на Претставничкото собрание Абдулах Булејхик во дадената изјава истакна дека е суспендирана седницата во врска со причината за одложување на изборите и изборниот процес.

Булејхик наведе дека на одржаната седница на Претставничкото собрание било констатирано дека Врховната изборна комисија треба да стапи во контакт со сите страни во земјата за да се елиминираат пречките и да се одреди нов датум за избори.

Велејќи „Врховната изборна комисија треба што поскоро да се обрати до Претставничкото собрание со нов предлог“, Булејхик појасни дека Претставничкото собрание со доставување на тој предлог ја суспендира седницата.

Претседателот на Врховната изборна комисија на Либија Имад ес-Сајих во говорот што го одржа на седницата истакна дека одредени препреки го попречија одржувањето на изборите. Сајих привлече внимание дека меѓу тие причини освен заканите се наоѓаат и „контрадикторните судски одлуки и донесените одлуки по рокот утврден во законот“.

На состаноците на Либискиот форум за политички дијалог предводен од Обединетите нации (ОН) во ноември 2020 година, беше одлучено претседателските и парламентарните избори во земјата да се одржат на 24 декември 2021 година, но страните во Претставничкото собрание и во Врховниот државен совет, не можеа да се договорат за законот со кој ќе се утврди правната инфраструктура на изборите.

Врховната национална изборна комисија на Либија истакна дека поради правни проблеми изборите не можае да се одржат на 24 декември 2021 година како што претходно беше планирано.



Слични вести