Во воздушен напад на руските воени авиони во Идлиб се ранети тројца цивили

Според добиени информации од претставниците на Цивилната одбрана (Бели беретки) во Идлиб, во воздушниот напад извршен од руски авиони врз селото Кефертахарим во Идлиб се ранети тројца цивили

1756437
Во воздушен напад на руските воени авиони во Идлиб се ранети тројца цивили

Во извршен воздушен напад од страна на руски воени авиони врз подрачјето за намалување на затегнатоста (зоната за деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, се ранети тројца цивили.

Според опсерваторијата за авиони на воените опозиционери, руски воени авиони извршија воздушни напади врз селата Бара, Даирсунбул, Идлиб и Кефертахарим, Дукмак, Закум, Килејдин, Химејмет и Анкави во границите на подрачјето за намалување на затегнатоста (зоната за деескалација) во Идлиб.

Според добиени информации од претставниците на Цивилната одбрана (Бели беретки) во Идлиб, во воздушниот напад извршен од руски авиони врз селото Кефертахарим во Идлиб се ранети тројца цивили.

Ранетите се пренесени на лекување во болница.



Слични вести