Во експлозија на гас во зграда во Белгија загинаа 4 лица

Градоначалникот на Турнаут Пол Ван Миерт изјави дека работите за пребарување под рушевините на зградата чии ѕидови беа срушени поради експлозијата се завршени и дека во експлозијата загинаа 4 лица.

1755989
Во експлозија на гас во зграда во Белгија загинаа 4 лица

При експлозија на природен гас (плин) што се случи во петокот наутро во градчето Турнаут во Белгија, во близина на границата со Холандија, животите ги загубија 4 лица.

Градоначалникот на Турнаут Пол Ван Миерт изјави дека работите за пребарување под рушевините на зградата чии ѕидови беа срушени поради експлозијата се завршени и дека во експлозијата загинаа 4 лица.

Како што е установено некои од 8-те лица за кои не можеле да се добијат информации, во моментот на експлозијата не биле во своите домови.

Надлежни ги започнаа работите за кревање на рушевините.

Како што се истакнува под рушевините на зградата била извлечена и спасена жива и една жена која била затрупана.

Едно повредено лице било префрлено во болница и неговото лекување продолжувало.

Во градчето Турнаут во Белгија, во близина на границата со Холандија, во петокот наутро се случи експлозија поради истекување на природен гас (плин) во еден стан што бил користен како социјален стан.

Притоа во експлозијата што се случила на најгорниот спрат од четири спратната зграда, беа срушени ѕидовите на два спрата на зградата.



Слични вести