Суданскиот премиер Абдула Хамдук соопшти дека поднесува оставка

Абдула Хамдук, во дадената изјава за Државната телевизија рече: „За да се отвори патот пред суданскиот народ, одлучив да поднесам оставка со предавање на функцијата што ми е доверена“

1756031
Суданскиот премиер Абдула Хамдук соопшти дека поднесува оставка

Суданскиот премиер Абдула Хамдук соопшти дека поднесува оставка од премиерската функција.

Абдула Хамдук, во дадената изјава за Државната телевизија рече: „За да се отвори патот пред суданскиот народ, одлучив да поднесам оставка со предавање на функцијата што ми е доверена.“

Застанувајќи во одбрана на тоа дека направил сѐ за да спречи земјата да не биде вовлечена во катастрофа, Хамдук истакна дека суданската револуција напредува кон своите цели. 

Абдула Хамдук појасни дека земјата поминува низ опасна пресвртница која го загрозува нејзиното постоење доколку за кратко време не се поправи тоа, а воедно напомена дека и покрај сите негови напори во чии рамки се ссостанал со сите политички и воени партии за да се најде решение за кризата, не можел да добие позитивни резултати од тоа.

Инаку, Армијата на 25 октомври ја презеде власта во Судан, а приврзаниците и поддржувачите на цивилната управа оттогаш одржуваат протести, барајќи војниците да се вратат во своите касарни.

За време на протестите и инцидентите до коишто дојде, животите ги загубија 54 лица.

Суданската армија пак, истакнува дека ќе продолжи да биде партнер во власта додека не се формира Владата којашто ќе биде избрана на изборите што ќе се одржат во јули 2023 година.

 



Слични вести