Комеморативна програма во гробиштата во Изерлон, во Германија, врз кои беше извршен напад

Комеморативната програма започна со читање Куран од страна на Харун Улу, верски службеник на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) на Централната џамија во градот Изерлон

1755955
Комеморативна програма во гробиштата во Изерлон, во Германија, врз кои беше извршен напад

Во оштетените муслимански гробишта во градот Изерлон во покраината Северна Рајна Вестфалија во Германија, врз кои беше извршен напад од страна на неидентификувани лица, се одржа комеморативна програма.

Комеморативната програма започна со читање Куран од страна на Харун Улу, верски службеник на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) на Централната џамија во градот Изерлон.

Пратеникот на владејачката Партија за правда и развој (АК Партијата), претседател на Подкомитетот за Турците во странство и роднински заедници во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) воедно и потпретседател за надворешни односи на АК Партијата, Зафер Сарикаја во говорот што го одржа овде истакна дека тоа што по извршениот грозен напад пристигнуваат исти реакции и заеднички ставови од страна на политиката, невладините организациите и јавноста, е показател за солидарност.

Сиракаја нагласи дека комеморативната програма е од крајно големо значење и од аспект на презентирање на ставот на човештвото против ваквите напади.

Во извршениот нападот на новогодишната ноќ врз турските и муслиманските гробишта во градот Изерлон, во германската покраина Северна Рајна Вестфалија, беа скршени и оштетени надгробните плочи во гробиштата.

Турција исто така побара да бидат фатени, предадени на правдата и да им бидат изречени заслужените казни на сторителите на извршениот напад,

Во објавеното писмено соопштение и од страна на Министерството за надворешни работи по ова прашање беше истакнато дека е дознаено со жалење за извршениот напад врз турските и муслиманските гробишта во градот Изерлон, во Германија.

Во соопштението беше нагласува дека извршениот напад ноќта на Нова година е нов показател за болниот антиисламски менталитет кој во последно време е во подем особено во Европа и кој ги поставува на мета за напаѓање дури и гробиштата на муслиманите.

Во соопштението стои и следното: „Се надеваме дека сторителите на овој грозен напад ќе бидат идентификувани, ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе ја добијат заслужената казна. Впрочем посакуваме да бидат преземени неопходните мерки за да не бидат доживеани настани од ваков вид.“

 

 



Слични вести