Израелските сили уапсија 18 Палестинци на Западниот Брег и во Ерусалим (Кудс)
Палестински официјални извори соопштуваат дека израелските војници вчера вечер на Западниот Брег и во Ерусалим (Кудс) уапсија 18 Палестинци

Како што е соопштено израелските сили уапсија 18 Палестинци во рамките на операциите коишто ги реализираа вчера вечер на Западниот Брег и во Ерусалим (Кудс).
Палестински официјални извори соопштуваат дека израелските војници уапсија вкупно 13 лица на окупираниот Западен Брег од кои 3 лица во Џенин, 5 лица во Рамалах, 4 лица во Тулкарим и Ел Халил (Хеброн) и едно лице во Бејтуллахим (Витлеем).
Соопштено е дека израелските војници приведоа 5 лица и во Ерусалим (Кудс) меѓу кои двајца браќа.
Инаку, познато е дека израелската армија често ги приведува Палестинците на Западниот Брег и во Ерусалим (Кудс) со образложение дека се „трага“ по нив.
Според палестински извори, моментално во израелските затвори се наоѓаат приближно 4.600 лица, меѓу кои има и голем број жени, приближно 160 деца и најмалку 6 пратеници
Слични вести

Шведската влада ќе испрати дипломати во Турција за да разговараат за членството во НАТО
Русија ја наруши нашата сливна област, тие направија кампањи за дезинформации дека ние сме нацисти

Зорн: „Германската армија има многу малку муниција во залихи и потребни им се 20 милијарди евра“
Со заштеда на муниција и резервни делови се финансирале и други проекти.