Иранскиот претседател Реиси и ерменскиот премиер Пашинјан разговараа за регионалните случувања
Во објавеното соопштение од кабинетот на иранскиот претседател се истакнува дека Реиси и Пашинјан разговараа за билатералните односи и за мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија

Иранскиот претседател Ибрахим Реиси и ерменскиот премиер Никол Пашинјан остварија телефонски разговор посветен на регионалните случувања.
Во објавеното соопштение од кабинетот на иранскиот претседател се истакнува дека Реиси и Пашинјан разговараа за билатералните односи и за мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија.
Изразувајќи го своето задоволство од напредокот на преговарачкиот процес меѓу Азербејџан и Ерменија, Реиси рече:„Се надеваме дека прашањата меѓу двете земји ќе бидат решени по мирен пат во рамките на меѓународните принципи и закони. Посакуваме да бидеме сведоци на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот.“
Ерменскиот премиер Никол Пашинјан, исто така, го информираше иранскиот претседател Реиси во однос на одржаните преговори со Азербејџан и рече дека би можеле да преземат важни чекори за мирот и спокојството во регионот со проширување на сферите на соработка и воспоставување билатерални односи.