Израелски воени авиони извршија напад врз воен пункт на Хамас во Газа
Според добиените информации, израелски авиони извршија 10 последователни воздушни напади на воениот пункт наречен Ал-Кадисије на Бригадите Изетин ал-Касам, военото крило на Хамас, во градот Хан Јунус на југот на Газа

Израелски воени авиони извршија напад врз воен пункт на Хамас во Газа.
Според добиените информации, израелски авиони извршија 10 последователни воздушни напади на воениот пункт наречен Ал-Кадисије на Бригадите Изетин ал-Касам, военото крило на Хамас, во градот Хан Јунус на југот на Газа.
Од страна на палестинското Министерство за здравство не е објавено соопштение во врска со тоа дали во нападите има загинати или ранети.
Во објавеното соопштение од страна на израелската армија вчера се вели дека од Газа биле истрелани 2 ракети кои паднале во Средоземното Море, во близина на областа Гуш Дан.
Во веста на израелската јавна радиодифузна корпорација (КАН) исто така се истакнува дека израелската армија одлучила да одговори на истреланите ракети од Газа.
Слични вести

Украина: Руската армија ги продолжува нападите во правец на Северодоњецк
Украинскиот Генералштаб соопшти дека руската армија ги продолжува нападите во правец на Северодоњецк