Измена во две ресорни министерства во палестинската Влада
Во објавеното писмено соопштение од страна на палестинското премиер се истакнува дека за министер за внатрешни работи е назначен Зијад Хеб ер-Рих, а за министер за фондации (Вакафи) Хатим ел-Бекри

Извршена е измена во кабинетот на палестинската Влада со која се опфатени две ресорни министерства.
Во објавеното писмено соопштение од страна на палестинското премиер се истакнува дека за министер за внатрешни работи е назначен Зијад Хеб ер-Рих, а за министер за фондации (Вакафи) Хатим ел-Бекри.
Во соопштението се потсетува дека наведените ресорни министерства од преземањето на премиерската функција од 2019 година досега ги извршуваше палестинскиот премиер Мухамед Иштије.
Според извршената измена во палестинската Влада, Зијад Хеб ер-Рих кој ја презеде функцијата министер за внатрешни работи беше на задача шеф на Палестинската заштитна безбедносна служба, додека Хатим ел-Бекри кој беше член на Врховниот судски совет и претседател на Исламската добротворна институција во Халил е назначен за министер за фондации (Вакафи).
Слични вести

Шведската премиерка Андерсон изјави дека нејзината земја сака да ја зголеми соработката со Турција
Шведска и Финска подготвени за соработка со Турција во рамките на НАТО