Во нападите на руските воени авиони врз Идлиб загинаа двајца цивили

Според добиени информации од извори на Цивилната одбрана во Идлиб, во реализираниот воздушен напад на една живинарска фарма во селото Кефердерјен  во северниот дел на градот загинаа двајца цивили

1755389
Во нападите на руските воени авиони врз Идлиб загинаа двајца цивили

Во реализираниот воздушен напад од страна на руските воени авиони врз селото Кефердерјен во границите на подрачјето за намалување на затегнатоста (зоната за деескалација) на градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија загинаа двајца цивили.

Според Опозициската опсерваторија за авиони, руски воени авиони кои полетале од базата Химејмим во Латакија во 11:40 часот по турско време реализирале напади.

Според добиени информации од извори на Цивилната одбрана во Идлиб, во реализираниот воздушен напад на една живинарска фарма во селото Кефердерјен  во северниот дел на градот загинаа двајца цивили.

Руски воени авиони во текот на вчерашниот ден реализираа 6 воздушни напади врз областа областа Бара и низината Руж во Идлиб.



Слични вести