Германскиот канцелар Шолц: Треба да бидеме побрзи од новиот тип коронавирус (Ковид-19)

Германскиот канцелар Олаф Шолц истакна дека мора да се постапува побрзо од новиот тип коронавирус (Ковид-19) за да може да се извојува  победа против епидемијата во новата година.

1755227
Германскиот канцелар Шолц: Треба да бидеме побрзи од новиот тип коронавирус (Ковид-19)

Германскиот канцелар Олаф Шолц, во главниот град Берлин го одржа својот прв говор по преземањето на премиерската функција при што го нагласи значењето од брзо дејствување во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи „мораме да бидеме побрзи од новиот тип коронавирус (Ковид-19)“, Шолц истакна дека може да се извојува  победа против епидемијата во новата година.

Тој рече: „Ако дејствуваме заедно, конечно можеме да ја победиме епидемијата во новата година. Ги повикувам оние кои биле двапати вакцинирани брзо да добијат бустер доза вакцина.“

Шолц кој исто така посака да бидат дочекани со разбирање ограничувањата за контакт коишто беа воведени поради тоа што брзината на пренесување на варијантата Омикрон е побрза во споредба со другите варијанти и го рече следното:  „Ве молиме, сфатете ги овие ограничувања многу сериозно за да се заштитите себе си, вашите семејства и општеството од епидемијата. Во врска со епидемијата има различни погледи и проценки. Оние кои ги критикуваат преземените мерки треба да се почитуваат меѓусебно. Можеме да бидеме силно општество ако се слушаме едни со други.“

Тој побара од оние кои протестираат без дозвола и посегнуваат по насилство да бидат почувствителни.

Германскиот канцелар Олаф Шолц исто така им се заблагодари и на вработените во болниците, домовите за стари лица, центрите за вакцинација, здравствените центри кои и покрај епидемијата го држат на нозе здравствениот систем како и на вооружените сили.

 



Слични вести