Германија: Заедно со Франција имаме посебна одговорност за да ја направиме ЕУ посилна глобална сила
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок рече: „Двете пријателски земји во срцето на Европа имаат посебна одговорност да го обезбедат единството во ЕУ која располага со капацитет да дејствува заедно и да преземе чекори кон иднината“
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во дадената изјава за француската новнска агенција „АФП“ истакна дека Берлин и Париз имаат „посебна одговорност“ да ја направат Европската унија (ЕУ) посилна глобална сила.
Таа рече: „Двете пријателски земји во срцето на Европа имаат посебна одговорност да го обезбедат единството во ЕУ која располага со капацитет да дејствува заедно и да преземе чекори кон иднината.“
Велејќи дека Франција, која од утре ќе го преземе мандатот претседавач со Германија во наредните 6 месеци, целосно ја поддржува стратегијата на ЕУ „да стане подоминантна сила“, Баербок рече: „Нашите француски пријатели можат да сметаат на нашата целосна поддршка за време на Претседателството од првиот до последниот ден во справувањето со климатската криза, дигитализирањето и подготвувањето на основата за одржливо економско опоравување за посуверена Европа“.
Германската министерка за надворшени работи Аналена Баербок појасни дека француското привремено претседателствување е значајна можност за двете земји да ги постигнат нивните заеднички цели и го рече следното: „Привременото претседателствување на Франција претставува значајна можност којашто сакаме да ја искористиме заедно за да ја зајакнеме уште повеќе Европа и да ја доведеме во погодна состојба за да фати чекор со утрешните тешкотии.
Франција ќе го преземе привременото претседателствување со ЕУ на 1 јануари, додека Германија ќе го преземе привременото претседавање со Г-7 во јуни.
Франција, за време на нејзиното претседатествување се залага за зголемување на инвестициските расходи и доколку е потребно одење на реформи во финансиските политики на ЕУ, со цел да се зајакне развојот и вработувањето.
Франција, исто така, сака дигиталните компании како Гугл (Google), Фејсбук (Facebook) и Епл (Apple) подобро да се регулираат активностите во ЕУ, да се усвојат заеднички политики во цените на минималната плата и да се стави во примена без доцнење „јаглеродниот данок“ подготвен од страна на Европската комисија (ЕК) за борба против глобалното затоплување.
Слични вести

Шолц: „Сигурен сум дека Путин не може да победи“
Германскиот премиер изјави дека Путин ја потцени солидарноста и моќта на НАТО, Европската унија и Г7