Владимир Путин и Махмуд Абас разговараа телефонски за палестинското прашање

Според објавеното соопштение од страна на претседателскиот дворец на Русија (Кремљ), претседателот Путин оствари телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас посветен на палестинското прашање

1754916
Владимир Путин и Махмуд Абас разговараа телефонски за палестинското прашање

Рускиот претседател Владимир Путин и палестинскиот претседател Махмуд Абас разговараа за палестинското прашање.

Според објавеното соопштение од страна на претседателскиот дворец на Русија (Кремљ), претседателот Путин оствари телефонски разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Во разговорот на кој Путин и Абас си ја честитаа новата година, беше разгледано палестинското прашање.

Во остварениот телефонски разговор во чии рамки беа разменети мислења за билатералната интеракција по ова прашање, и двете страни нагласија дека „конструктивните преговори меѓу Палестина и Израел треба што поскоро да бидат започнати под покровителство на Блискоисточниот квартет составен од Русија, Соединети Американски Држави (САД), Европската унија (ЕУ и Обединети нации (ОН)“.

Палестинската официјална новинска агенција „ВАФА“, исто така соопшти дека палестинскиот претседател Махмуд Абас оствари телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин за најновите случувања во палестинската кауза.

„ВАФА“ јави дека телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери беше фокусиран на најновите случувања во палестинската кауза, како и на начините за зајакнување на истакнатите билатерални односи меѓу двете пријателски земји и народи.

Палестинскиот претседател Абас ја повтори потребата од политички пат за решавање на палестинското прашање „заснован на резолуциите за меѓународна легитимност и неопходноста од одржување состанок на Меѓународниот комитет на квартетот на министерско ниво“.

Абас, исто така ја истакна „важноста од запирање на едностраните израелски практики на населување (проширување), конфискација на земјиште, уривање домови, депортирање на Палестинците од Ерусалим (Кудс), злоупотреба на затвореници и запирање на тероризмот на (израелските) доселеници“.

Тој предупреди дека продолжувањето на овие израелски мерки ќе предизвика ситуацијата да „експлодира“.

Абас рече дека отсуството на политички пат за палестинската кауза и израелското отфрлање на дводржавното решение, заедно и со „гушењето на палестинската економија“ нема да останат нерешени.

Тој вети дека ќе донесе „решителни“ одлуки за гореспоменатите израелски мерки „особено кога сме на прагот да одржиме важен состанок на Централниот совет на Организацијата за ослободување на Палестина“.

Палестинската официјална новинска агенција „ВАФА“ додаде дека  палестинскиот претседател Махмуд Абас и рускиот претседател Владимир Путин се согласија за продолжување на контактите меѓу двете страни за сите прашања од заеднички интерес.

 



Слични вести