Во Израел уништени десетици илјади мисирки

Откако фармерите ги уништија кокошките, земјата почна да доживува криза со залихи на јајца

1754252
Во Израел уништени десетици илјади мисирки

Во Израел, кој се обидува да спречи сериозна епидемија на птичји грип, овој пат по кокошките, беа уништени десетици илјади мисирки.

По изјавата на министерката за заштита на животната средина Тамар Зандберг дека угинале илјадници жерави преселници и биле уништени десетици илјади кокошки, денес во земјата беа уништени десетици илјади мисирки.

Откако фармерите ги уништија кокошките, земјата почна да доживува криза со залихи на јајца.

Премиерот Нафтали Бенет се состана со неговиот советник за национална безбедност и други експерти за да разговараат за мерките што може да се преземат за да се спречи епидемијата.

Иако преносот на вирусот од птици на луѓе е редок настан, според Светската здравствена организација, од 2003 година досега се пријавени 456 смртни случаи на заразени луѓе во светот.



Слични вести