Бајден потпиша важен закон за буџетот за одбрана во 2022 година вреден 768,2 милијарди долари

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша Законот за национална одбрана (NDAA) за следната 2022 година со кој се одобруваат 768,2 милијарди долари за одбрана

1753400
Бајден потпиша важен закон за буџетот за одбрана во 2022 година вреден 768,2 милијарди долари

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден го потпиша Законот за овластување за национална одбрана (NDAA) кој беше одобрен по големи дискусии во Конгресот.

Со потписот на Бајден, е озаконет буџетот за национална одбрана (NDAA) за следната 2022 година во вкупен износ од 768,2 милијарди долари од кои 740 милијарди долари беа наменети за буџетот на Секретаријатот за одбрана (Пентагон), 27,8 милијарди долари за одбранбените трошоци во склопот на Секретаријатот за енергетика и 0,4 милијарди долари за други одбранбени трошоци.

Сенаторот од Њу Џерси и претседател на Комитетот за надворешни односи на Сенатот Боб Менендез кој инаку е познат по неговата блискост со ерменското и грчкото лоби, ги додаде на Законот за национална одбрана (NDAA) и нацртите за внимателно следење на програмата за наоружани беспилотни летала на Турција (СИХА) и укинувањето на ослободувањето на  помошта за Азербејџан.

Законот со кој се предлага и продолжување на поддршката на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која го користи името „Сириски деморкатски сили (СДФ)“ и со која САД се партнери во Сирија, бара американскиот претседател Џо Бајден да претстави сеопфатна стратегија за оваа земја.

 



Слични вести