Расте бројот на загинатите во поплавите во Малезија

Според веста на „Asian News International (ANI)“, по оболните врнежи од дожд коишто беа влијателни во Малезија во текот на 3 дена почнувајќи од 17 декември, беа поплавени и останаа под вода голем број области во оваа југоисточноазиска држава

1752948
Расте бројот на загинатите во поплавите во Малезија

Бројот на загинатите во поплавите предизвикани од силните врнежи од дожд во Малезија се зголеми на 47 лица, а продолжува да се трага по уште 5 лица кои се водат како исчезнати.

Според веста на „Asian News International (ANI)“, по обилните врнежи од дожд коишто беа влијателни во Малезија во текот на 3 дена почнувајќи од 17 декември, беа поплавени и останаа под вода голем број области во оваа југоисточноазиска држава.

Полициски функционери изјавија дека бројот на лицата кои ги загубија животите во поплавите е зголемен на 47, а се трага по уште 5 лица кои се водат како исчезнати.

Евакуирани се околу 33.000 луѓе, од кои поголемиот дел од провинцијата Паханг.

Малезиската Влада беше критикувана дека не ги доставила потребните предупредувања пред силните врнежи од дожд.



Слични вести