Азербејџан соопшти дека дава целосна поддршка на нормализацијата на односите меѓу Турција и Ерменија

Министерот за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамо истакна дека неговата земја дава целосна поддршка на нормализацијата на односите меѓу Турција и Ерменија

1753232
Азербејџан соопшти дека дава целосна поддршка на нормализацијата на односите меѓу Турција и Ерменија

Азербејџан соопшти дека дава целосна поддршка на нормализацијата на односите меѓу Турција и Ерменија.

Министерот за надворешни работи на Азербејџан Џејхун Бајрамов на одржаниот состанок за еваулација на крајот на годината, одговараше на прашањата на домашните и странските претставници на печатот.

Нагласувајќи дека објаснувањето на нанесената шета од 30-годишната окупација на регионот се наоѓа меѓу приоритетите на надворешната политика на Азербејџан, Бајрамов зборуваше за тековните судски процеси меѓу Азербејџан и Ерменија.

Тој потсети дека двете земји поднесоа тужби една против друга до Меѓународниот суд на правдата и дека повеќето од неосновани тврдења на Ерменија не беа прифатени од страна на судот.

Џејхун Бајрамов напомена дека ќе ја продолжат борбата против Ерменија во сферата на меѓународното правосудство, Бајрамов рече: „Прво ќе се обратиме до меѓународните судови по прашањето на нанесените штети на животната средина и незаконското користење на природните ресурси, ова прашање е меѓу нашите задачи и обврски во 2022 година.“

Во врска со односите меѓу Турција и Азербејџан, Бајрамов рече: „Би сакал да се осврнам на значењето на историската декларација од Шуша потпишана на 15 јуни 2021 година. Со оваа декларација односите меѓу Азербејџан и Турција беа издигнати на ниво на сојузништво.“

Во однос на процесот на нормализација меѓу Турција и Ерменија пак, азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхун Бајрамов го истакна следното: „Ние сме за нормализација на односите меѓу Ерменија и Азербејџан на основа на принципите на меѓународното право. Дури деклариравме дека сме подготвени да работиме на мировен договор. Мислиме дека тоа може да биде основа за нормализација на односите меѓу регионалните земји на пошироко ниво. Целосно ја поддржуваме нормализацијата на односите меѓу братска Турција и Ерменија. Ги цениме пораките на Турција по ова прашање на сите нивоа. Мојот драг брат, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во секоја негова изјава зборува за позитивното влијание на ова прашање на процесите во регионот, за преговорање за овие прашања со Азербејџан и за нашите заеднички интереси и ставови.“

 



Слични вести