Лејен: Ги разгледуваме опциите за санкции против Русија и ние сме спремни

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен истакна дека од месец јуни наваму прават проценка за тоа што би можеле да направат доколку Русија премине на агресивен став против Украина

1748016
Лејен: Ги разгледуваме опциите за санкции против Русија и ние сме спремни

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен говореше на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур, Франција.

Лејен се осврна на прашања коишто ќе бидат разгледани на Самитот на ЕУ што ќе се одржи утре и притоа истакна дека од месец јуни наваму прават проценка за тоа што би можеле да направат доколку Русија премине на агресивен став против Украина.

Таа рече: „Агресивните дејствија на Русија против Украина ќе имаат голема цена. Во месец јуни Советот на Европа не задолжи да подготвуваме некои опции. Оттогаш работиме на ова во тесна соработка со САД и другите партнери. Ние сме спремни. Сегашните санкции може да бидат во вид на нивно силно зајакнување и проширување, а секако ние сме подготвени да преземеме досега невидени дополнителни мерки коишто ќе имаат сериозни последици за Русија. Но, најмногу од сè, ја повикувам Русија да ја намали тензијата, да го избере каналот на дипломатијата и да се придржува кон нејзините меѓународни ветувања.“



Слични вести