Земјотрес со јачина од 7,3 степени во источниот дел на Индонезија

По земјотресот што се случил во 11:20 часот по локално време во близина на областа Флорес Ајсланд на длабочина од 18,5 километри е издадено предупредување за цунами

1747004
Земјотрес со јачина од 7,3 степени во источниот дел на Индонезија

Американскиот институт за геолошки истражувања (USGS) соопшти дека источниот дел на Индонезија е погоден од земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер.

По земјотресот што се случил во 11:20 часот по локално време во близина на областа Флорес Ајсланд на длабочина од 18,5 километри е издадено предупредување за цунами.

Портпаролот на индонезиската Национална агенција за ублажување на катастрофи Абдул Мухари итакна дека земјотресот бил силно почувствуван во регионот.

Мухари рече: „Се уште нема информации за штети, но екипите работат напорно за собирање информации.“

Инаку, во земјотресот со јачина од 6,2 сдтепени според Рихтер што се случи во јануари годинава во областа Западно Сулавеси во Индонезија животите ги загубија повеќе од 100 лица.



Слични вести