Алиев во штабот на НАТО во Брисел се состана со Столтенберг

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев истакна дека доколку се виде добра волја кај Ерменија, би можело да почне да се работи на мировен договор со оваа земја

1747564
Алиев во штабот на НАТО во Брисел се состана со Столтенберг

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев  се состана со генералниот секретар на НАТО Јенс Стиолтенберг во штабот на Алијанстаа во Брисел, главниот град на Белгија.

На одржаната заедничка прес конференција по средбата, Алиев истакна дека  неговата земја е доверлив партнер на НАТО која имаше придонес во мисијата на НАТО во Авганистан од 2002 година до летово и дека азербејџанските војници беа меѓу последните војници на коалицијата кои го напуштија Авганистан.

Тој рече дека со Столтенберг разговарале за идните планови за соработка, дека Азербејџан учествуваше во воените обуки на НАТО и дека само оваа година беа одржани 7 заеднички воени вежби со Турција која е членка на НАТО, а со цел да се биде во услуга на мирот и стабилноста во регионот.

Илхам Алиев истакна дека доколку се виде добра волја кај Ерменија, би можело да почне да се работи на мировен договор со оваа земја.

Нагласувајќи дека Азербејџан сака мир, стабилност и предвидливост во регионот, Алиев продолжи со следните зборови: „Нашите напори се насочени кон минимализирање на ризикот од нова војна во регионот. Со таа цел, најдобиот пат е да ги држиме отворени каналите за комуникација, да воспоставиме активен дијалог и да научиме повторно да бидеме соседи. Нашата политика е сосема јасна. Доколку добра волја од страна на Ерменија, можеме да почнеме да работиме на мировен договор меѓу двете земји, како што и предложивме.“

Одговарајќи на едно поставено прашање за неговите очекувања од трилатералната средба што ќе ја одржи денеска со ерменскиот премиер Никол Пашинјан и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и за коридорот Зенгезур меѓу Азербејџан и Ерменија, Алиев појасни дека отворањето на коридорот Зангезур е неопходност за Ерменија согласно тројната декларација што ја потпишаа со Русија минатата година.

Алиев потсети дека се договориле за изградба на железничка пруга и автопат коишто ќе минуваат преку Ерменија и од Азербејџан ќе водат до Нахчиван, а воедно напомена дека точната маршрута на автопатот се уште не е утврдена и за тоа ќе се разговара на наредните средби.

Тој рече: „За ова прашање ќе разговараме и на трилатералниот состанок вечерва со Шарл Мишел.“

Подвлекувајќи дека коридорот Зенгезур треба да биде подложен на ист  правен режим како и коридорот Лачин, Алиев појасни дека во коридорот Лачин нема царина и дека затоа и во коридорот Зенгезур не треба да има царина.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев го додаде и следното: „Ако Ерменија инсистира на воспоставување царини и контрола на стоки и лица, и ние ќе инсистираме за истото во коридорот Лачин. Одлуката за тоа ќе ја донесе Ерменија. Ние сме отоврени и за двете опции. Или и кај двете нема да има царина или и кај двете ќе има.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, исто така истакна дека оствариле мошне конструктивен состанок, дека Алиев ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет формиран од претставниците на НАТО сојузниците и дека е значајно силното партнерство на НАТО со Азербејџан.

Укажувајќи на важноста на безбедноста и стабилноста во Јужен Кавказ, Столтенберг рече: „Ја поддржуваме нормализацијата меѓу Азербејџан и Ерменија, како два вредни партнери на НАТО.“

Столтенберг го нагласи и значењето од воспоставување дијалог меѓу двете земји и додаде дека несогласувањата треба да се решат по дипломатски пат и дека НАТО не е страна меѓу Азербејџан и Ерменија.

 



Слични вести