Заедничко соопштение од земјите на Г-7 со осуда на агресивната реторика на Русија против Украина

По состанокот на министрите за надворешни работи на Г-7 во Ливерпул,во Велика Британија, од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, беше објавено заедничко соопштение во врска со Русија и Украина

1746488
Заедничко соопштение од земјите на Г-7 со осуда на агресивната реторика на Русија против Украина

Земјите од Групата Г-7 (составена од седумте најбогати и најразвиени држави во светот, водечките индустријализирани земји) ја повикаа Русија да ја намали тензијата во источниот дел на Украина, да ги следи дипломатските канали и да се придржува кон меѓународните обврски за транспарентност на воените активности.

По состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Г-7 што се одржа во градот Ливерпул, во Велика Британија, од страна на високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, беше објавено заедничко соопштение во врска со Русија и Украина.

Во заедничкото соопштение во кое се вели „Ние сме обединети по прашањето на осудување на натрупувањето војска од страна на Русија и нејзината агресивна реторика против Украина“, се истакнува дека како што направи претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден на неговата остварена средба со рускиот претседател Владимир Путин на 7 декември, е упатен повик до Русија да ги намали тензиите, да ги следи дипломатските патишта и да се придржува кон меѓународните обврски за транспарентност на воените активности.

Во соопштението, исто така се потврдува и поддршката на напорите на Франција и Германија во рамките на Нормандискиот формат за целосно спроведување на договорите од Минск за решавање на конфликтот во источниот дел на Украина.

Во соопштението се подвлекува дека според меѓународното право, било каква употреба на сила за промена на границите е „апсолутно забранета“, а воедно се додава следното: „Русија не треба да се сомнева дека поголемата воена агресија против Украина ќе има големи последици и сериозни цени. Повторно ја потврдуваме нашата непоколеблива посветеност на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и правото на самоопределување на која било суверена држава. Го цениме претпазливиот/воздржаниот став на Украина. Ќе ја интензивираме нашата соработка во однос на нашиот заеднички и сеопфатен одговор.“



Слични вести