За прв пат еден премиер на Израел престојува во посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)
Израелскиот премиер Нафтали Бенет кој вчера отпатува во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), денеска се состана со принцот престолонаследник на Абу Даби Мхамед бин Зајед Ал Нахјан

За прв пат еден премиер на Израел гпрестојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ)
Израелскиот премиер Нафтали Бенет кој вчера отпатува во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), денеска се состана со принцот престолонаследник на Абу Даби Мухамед бин Зајед Ал Нахјан.
Во објавеното писмено соопштение од кабинетот на израелскиот премиер во врска со посетата се истакнува следното: „Историски состанок: Премиерот Бенет се состана со принцот престолонаследник на Абу Даби Мухамед бин Зајед Ал Нахјан.“
Во објавеното соопштение од кабинетот беше истакнато дека на средбата ќе се разговара за „прашањата за унапредување на односите во економски и регионални наслови кои ќе придонесат за зајакнување на просперитетот и стабилноста на двете земји“.
Бенет кој е првиот израелски премиер кој престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се очекува вечерва да ја заврши оваа историска посета, а која се остварува на покана на принцот престолонаследник на Абу Даби Мухамед бин Зајед Ал Нахјан (на 18 октомври).
Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на одржаната церемонија во Белата куќа во Вашингтон, во Соединетите Американски Држави (САД) на 15 септември 2020 потпишаа договор за нормализирање на односите.