Во градот Мулхус, во североисточниот дел на Франција се оштетени муслимански гробишта

Градоначалничката Мишел Луц го осуди нападот вр муслиманските гробишта, додека полицијата во Мулхус започна истрага во врска со нападот

1746441
Во градот Мулхус, во североисточниот дел на Франција се оштетени муслимански гробишта

Во градот Мулхус, во североисточниот дел на Франција се оштетени муслимански гробишта.

Градоначалничката Мишел Лутз го осуди нападот вр муслиманските гробишта, додека полицијата во Мулхус започна истрага во врска со нападот.

Исламскиот совет на Франција (CFCM) исто така остро го осуди нападот.

Во објавеното соопштение од страна на Исламскиот совет на Франција (CFCM) се истакнува дека се во солидарност со семејствата и ги повика властите да направат сѐ за да ги пронајдат сторителите на овој брутален чин.

Исто така во објавеното соопштение и од страна на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) се вели дека се чувствува жалење од извршениот напад врз муслиманските гробишта.

Во соопштението се наведува дека на постои доверба кон безбедносните сили по прашањето на тоа дека ќе бидат пронајдени сторителите на нападот и им се заблагодарува на сите надлежни кои ја изразиле нивната поддршка.

„Онака како што секое живо суштество има право на живот, така и гробиштата каде што ги испраќаме нашите сакани во нивниот вечен дом, несомнено заслужуваат почит. Иако е жално тоа што вандализмот се протега дури до овде, ние знаеме дека овие видови акти не ја претставуваат Франција и тоа ни влева надеж за во иднина.“ - стои во соопштението на  Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) во врска со извршениот напад и оштетувањето на муслимансккте гробишта во градот Мулхус, во североисточниот дел на Франција.



Слични вести