Израелските војници во Наблус на Западниот Брег убија еден Палестинец, а притворија 27 Палестинци

Претставникот на палестинската Црвена полумесечина Ахмед Џибрил изјави дека за време на упадот на израелските војници во маалото Расулајн во градот Наблуас на Западниот Брег загина еден Палестинец кој е застрелан во главата со вистински куршум

1746653
Израелските војници во Наблус на Западниот Брег убија еден Палестинец, а притворија 27 Палестинци

Во отворениот оган од страна на израелските војници во северниот дел на градот Наблус на окупираниот Западен Брег загина еден Палестинец, а двајца Палестинци се ранети.

Според добиени информации од очевидци, израелски војници во раните утрински часови извршија упад во маалото Расулајн во градот Наблус.

Претставникот на палестинската Црвена полумесечина Ахмед Џибрил изјави дека за време на упадот загина 31-годишниот Палестинец Џемил Мухамед ел-Кејал кој е застрелан во главата со вистински куршум.

Велејќи дека двајца палестински младинци се ранети при удар на израелско воено возило, Џибрил не даде информации за состојбата на ранетите.

Од друга страна, пристигнуваат вести дека во реализирани упади од страна на израелските сили во различни области на окупираниот Западен Брег се притворени 27 Палестинци меѓу кои и еден функционер на Хамас.

Според добиени информации од очевидци, израелските војници во вечерните часови реализираа упади во некои области на Западниот Брег и за време на овие упади се притворени 27 Палестинци со различни обвинувања.

Меѓу притворените Палестинци од страна на израелските војници е и Хасан Јусуф, еден од водачите на Исламското движење на отпорот Хамас на Западниот Брег.

Хасан Јусуф кој приближно 21 година поминал во израелските затвори во вид на „административен притвор“, за последен пат бил притворен во април 2019 година и потоа бил ослободен по 9 месеци административен притвор.

 



Слични вести