Бројот на загинатите во експлозијата на гас на островот Сицилија во Италија се зголеми на 7 лица

По повеќе од 30 часа непрекинати активности за спасување се пронајдени мртвите тела на уште четворица од 6-те лица кои беа водени како исчезнати со што бројот на загинатите во експлозијата се зголеми на 7

1746684
Бројот на загинатите во експлозијата на гас на островот Сицилија во Италија се зголеми на 7 лица

Бројот на лицата кои ги загубија животите во експлозијата што се случи поради истекување на гас во градската мрежа во Равануса на  островот Сицилија во јужниот дел на Италија, се зголеми на 7.

Продолжуваат активностите за потрага по оние кои останаа затрупани и заробени под рушевините по експлозијата што се случи вечерта на 11 декември поради истекување во мрежата за гас во градот Равануса, во провинцијата Агриџенто на островот Сицилија.

Италијанската противпожарна служба во објавеното соопштение на социјалната мрежа Твитер соопшти дека по повеќе од 30 часа непрекинати активности за спасување се пронајдени мртвите тела на уште четворица од 6-те лица кои беа водени како исчезнати со што бројот на загинатите во експлозијата се зголеми на 7. Како што е установено меѓу загинатите се наоѓа и една жена во деветиот месец од бременоста.

Во соопштението се истакнува дека продолжуваат активностите за пронаоѓање на уште двајца исчезнати лица.

Во експлозијата беа сериозно оштетени некаде околу 6 згради, а повеќе од 100 лица беа евакуирани од областа.

Функционери на компанијата „Италгас“ (Italgas) одговорна за гасоводната мрежа наведуваат дека немало било какво протекување на гас при извршените рутински контроли на местото на експлозијата.

Спротивно на тоа, пожарникарите истакнаа дека гасот нашол празнина да се акумулира во оваа област, а потоа со активирање на лифт или на домаќински уред се случила оваа голема експлозија.



Слични вести