Белгија го смени законот со кој се забрануваше влегување во судовите за жените кои носат превез

Според објавеното соопштение од Центарот за еднакви можности (UNIA) со седиште во Брисел, Белгија го смени предметниот член по предупредувањето доставеното предупредување од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа до владата

1746462
Белгија го смени законот со кој се забрануваше влегување во судовите за жените кои носат превез

Како што е соопштено по подолг временски период Белгија го смени законот со кој се забрануваше влегување во судовите во оваа земја за жените кои носат превез.

Според објавеното соопштение од Центарот за еднакви можности (UNIA) со седиште во Брисел, Белгија го смени предметниот член по предупредувањето доставеното предупредување од страна на Комитетот на министри на Советот на Европа до владата.

Една жена муслиманка откако еден суд во Белгија не и дозволи да влезе во судската сала со превез во 2018 година поднесе жалба до Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Судот ја осуди Белгија согласно членот 759 од кривичниот закон на кој се заснова наведената практика и пресуди дека тоа е во спротивност со слободата на вероисповед.

Сепак белгиското Министерство за правда наместо да го смени предметниот закон за одлуката на  Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) ги извести судовите со испраќање циркулар.

Така сега во објавеното соопштение од страна на Центарот за еднакви можности (UNIA) со седиште во Брисел, се истакнува дека аплицирал до Комитетот на министри на Советот на Европа надлежен за надгледување на спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и стапил во акција за измена на предметниот закон со кој им се забрануваше на жените со превез да влегуваат во судовите во Белгија.



Слични вести