Сочувство од Турција до САД за загинатите во торнадата и силната бура

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено со големиот број загинати поради серијата торнада и силното невреме што погоди различни сојузни држави на САД на чело со Кентаки

1746177
Сочувство од Турција до САД за загинатите во торнадата и силната бура

Турција објави порака со сочувство за загинатите во серијата торнада и силното невреме што ги зафатија Соединетите Американски држави (САД).

Во објавеното писмено соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дознаено со големиот број загинати поради серијата торнада и силното невреме што погоди различни сојузни држави на САД на чело со Кентаки.

Во соопштението се вели следното: „Го изразуваме нашето сочувство до народот и владата на Соединетите Американски Држави, на повредените им посакуваме брзо закрепнување.“

Гувернерот на американската сојузна држава Кентаки Енди Бешеар соопшти дека поради циклонот проследен со силно невреме што се појави во петокот вечерта животите ги загубија најмалку 70 лица и дека чувствуваат загриженост дека бројот на загинатите може да надмине и 100 лица.



Слични вести